Во Скопје напишани 201 казна, од нив 47 за пешаци

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, 47 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови