Како најлесно да го поттикнете создавањето на хормонот на среќата?

Промените на годишните времиња и најмногу на траењето на денот и температурите често се обвинувани за депресивните чувства кои нѐ облеваат. Вистината е дека меѓу двете нешта има малку заедничко.

Виновник за нашето весело расположение и активност (физичка и ментална) е серотонинот. Тој често е опишуван и како молекула на волјата. Недостатокот на доволно количество во телото може да доведе до ниска креативност, ниска концентрација, иритација, тага и дури неподготвеност за каква и да било активност.

Серотонинот може да си го набавите не само преку некои видови храна (кои го зголемуваат производството во мозокот), туку и со помош на:

Сончева светлина

Стоењетона сонцето е многу корисно за организмот, бидејќи преку кожата тој набававува витамин D. UV -зраците имаат лоша репутација, бидејќи можат да предизвикаат рак, но во умерени количини се потребни.

Интересно е дека серотонинот се зголемува и преку очите, апсорпцирајќи дневна светлина, па не грижете се непотребно за кожата.

Масажа

Не е сосема јасно како точно масажата го зголемува количеството серотонин, но многу истражувања ги покажуваат со резултатите. Депресивните бремени мајки добивале масажа 2 пати неделно во рок од 4 месеци и во финалето серотонинот им бил повисок за 30%.

При друга студија бебиња на возраст меѓу 1 и 3 месеци се масирале по 15 минути 2 пати неделно во рок од 6 недели и нивниот серотонин се зголемил за 34%.

Вежби

Физичката активност докажано го зголемува серотонинот во организмот. Најефективно е трчањето и велосипедизмот. Јогата исто врши работа.

Спомените за среќни настани

Овој едноставен чин го зголемува производството на серотонин во предниот сингулатен кортекс, кој е област зад префронталната кора, задолжена за вниманието. Во истата студија е утврдено дека тажните спомени го намалуваат производството на серотонин во оваа област. На овој начин, сеќавајќи се на позитивни настани, ќе добиете двоен ефект: зголемен серотонин и заштита од тешки мисли, кои можат да ве доведат до депресија.