ЈСП Скопје денеска ќе вози по изменет возен ред

Од ЈСП Скопје информираат дека денеска (24.10.2022 година), поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 - 17.30 часот е последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле, стои во соопштението на ЈСП.