ЈСП: Цената на автобуските карти нема да поскапи

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека од нивна страна во моментов не се размислува за било каква корекција на цената на автобускиот превоз.

– Независно од порастот на цената на горивата, ЈСП „Скопје“ не размислува за покачување на цените на услугите за користење на јавен превоз. Цената на сите билети останува иста, информираат од ова јавно претпријатие, пренесува „Слободен печат“. 

Од ЈСП „Скопје“ меѓу другото потсетуваат и дека се со цел да им се излезе во пресрет на патниците, овој период, споредбено со истиот период минатата година бројот на автобуси вклучени во сообраќај е зголемен па така, секојдневно во сообраќај лани се вклучувале 130 – 140 возила, а сега 270 – 280 возила.

– Тоа, пред сѐ, се должи на враќање на сила на редовен возен ред, вообичаен за овој период од годината, кој лани во исто ова време бил редуциран, како и на оспособени и пуштени во сообраќај неколку возила кои во изминатиов период биле предмет на сервисирање , објаснуваат од ЈСП „Скопје“.