Јовановски: Ќе ставам крај на урбанистичкиот хаос во општина Центар

Започнувајќи од денес, кандидатот за градоначалник на Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски секој ден ќе презентира дел од неговата програма со која ја бара довербата пред локалните избори.

Проектите кои сака да ги реализира, ги подготвувал во соработка со граѓаните, а потенцира дека и во иднина ги очекува нивните предлози и сугестии.

-Урбанистичкиот хаос во општина Центар мора да престане. Затоа една од првите работи кои ќе ги направиме по превземањето на одговорноста за општината е времено стопирање на издавање на дозволи за градба во општина Центар. Во првите 100 дена ќе направиме анализа и ревизија на фактичката состојба во која се наоѓа нашата општина. Ќе ги чуеме мислењата на граѓаните, ќе отвориме јавни дебати со сите нив, поединечно од секое место, ќе ангажираме експерти од соодветните области, а се со цел изнајдување на најдобри решенија за нашата општина Центар, истакна Јовановски.

Тој им порача на граѓаните внимателно да ја разгледаат неговата програма која ја подготвил со особени внимание, труд и енергија.