Извршителката која го нападна новинарот Салиу „беснеела“ во станица - Нападнала и полицаец

Полицијата ги соопшти деталите за инцидентот во кој беше нападнат новинарот Фуркан Салиу. 

Имено, тој бил нападнат од извршителката Весна Јакимовска која подоцна го нападнала и полицискиот службеник.

- На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.