Италијанец повреден пронајден кај Бит пазар - веднаш бил пренесен на Клиника

Ноќеска во скопската полиција од Итната медицинска помош е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар со повреди бил пронајден Ф.Р.(23) од Италија.

Според пријавеното, тој на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно влегол во нивното возило.

Како што е пријавено, при нападот тие употребиле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.