Исчезнаа две малолетни лица во Скопје

Две малолетни лица се пријавени за исчезнати, во два одделни случаи.

На 30.05.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека од СОС Детско село Скопје се оддалечила С.Р.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во однос на вториот случај, на 30.05.2022 во 09.48 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ј.(45) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка К.Ј.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.