Интервенции на неколку локации во Скопје по обемните врнежи (ФОТО)

Екипите на штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираше на поголем број на локации по обемните врнежи на дожд кои денеска го зафатија регионот.

По обилните врнежи на дожд на поголем број на локации во Скопје се појавија поплави на неколку локации во Скопје, во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров.

На терен интервенираа поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, каде со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти интервенираа екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.