Попова Шапка — зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина.
Зимско-рекреативниот центар е одалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села.
Снегот повикува на зимските спортови, а снежната покривка и годинава не ги заобиколи повисоките места во државата, а особено оние каде страста на скијачите се исполнува.
Еден од најубавите скијачки предизвици е Попова Шапка, каде уште со самото пристигнување како да ве исклучува од секојдневниот свет и ве носи во една посебна зимска приказна.
Попова Шапка е рај за скијачите, еден од најстарите зимско-рекреативни и планински центри во Македонија и на Балканот.
Скијачките патеки на Попова Шапка достигнуваат до 2500 метри надморска височина. Има повеќе ски – лифтови и жичарници што им стојат на располагање на скијачите и туристите. Должината на патеките изнесува околу 10км со капацитет од 8000 скијачи за еден час.
Ние за вас издвоивме Инстаграм фотографии кои ќе ве мотивираат оваа зима да ја посетите Попова Шапка.