Има ли природни девојки низ градов?

За сите оние, кои во време на изопачени вредности, останаа исти, а така станаа и различни…Ова е писмо посветено на сите градски девојки кои ќе се пронајдат во него, со надеж дека и нашите деца еден ден исто така ќе станат поинакви…

Тие не носат штикли, тие носат високи потпетици…
Тие не носат старки затоа што е модерно, туку затоа што ги носат уште кога биле деца.
Тие не носат кармин, туку руж, а црвениот руж можат да го носат во секоја прилика, затоа што усните им се во облик на М, а не на О.
Тие не праќаат пораки и мејлови, тие и кога пишуваат, пишуваат писмо.
Ако се тетовираат, тие го прават тоа затоа што е лично, а не затоа што им ја подигнува цената.
Ако заплачат, тие ќе заплачат на црно-бел филм, а не на стихови од Лепа Брена или реални шоу-а.


Тие не го диктираат телефонскиот број, тие го запишуваат на дланка.
Кога ќе одлутаа со мислите, тие не ги грицкаат вештачките нокти, туку врвот од пенкалот.
Тие не се смеат со затворена уста, тие се смејат гласно, затоа што искрената и природна насмевка нема цена.
Тие не покажуваат среден прст, тие намигнуваат… а пораката останува иста.
Тие не играат, тие танцуваат и тогаш не мешаат, туку се препуштаат на ритамот.
Тие ги соблекуваат своите чевли и одат низ градот боси затоа што се среќни, а не затоа што се пијани.
Тие кога одат на одмор, носат костими за капење, а не вештачки трепки и повеќе сакаат да им на сонцето да им изгоре врвот на носот, отколку задникот под вештачка лампа.
Тие немаат црти од солариум, туку од чипкани прерамки.
Тие на плажа не носат пудра и вештачки бои за лице, туку боички за цртање по камењата и пишување разгледници.


Тие наместо да запалат клима во автомобилот, секогаш прво ги отвораат сите прозори и ја растресуваат косата.
Кога сакаат да бидат секси, наместо кратки маички и мини здолништа, тие облекуваат бела машка кошула.
Тие се опуштаат со грицкање коцки лед и слушање стари плочи.
Тие не паѓаат во несвест  на шампањ и народњаци, туку само се газат од смеење.
Кога ќе чујат труба помислуваат на џез, а не на кафана.
Театарот не го обиколуваат или посетуваат, тие постојано му се враќаат.
Тие секогаш сонуваат во боја, толку јако и реално што соновите им се оств
аруваат дури и во сон.


Тие водат љубов со допир.
Тие не фантазираат за чуда, тие живеат и создаваат чуда.
Тие се поинакви, затоа што секогаш останувале исти!