„Илинденска“ утре затворена за сообраќај - еве ја причината!

Утре со почеток од 10:00 часот ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Стартот на трката е од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби.

Организаторите информираат дека во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.

Се уште нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за времениот сообраќаен режим.