И “сајтот“ на Арсовска ја демантира околу загаденоста на воздухот

Иако вчера многу медиуми меѓу кои и Скопје инфо и тоа во два наврати известија за енормното загадување со кое се соочува Скопје, експресно стигна демант од Град Скопје каде обвинија за ширење на лажни вести. Во нивниот демант дури беше јасно наведено дека не само што Скопје не е загаден град туку и не бил загаден ниту во последните 48 часа.

Притоа беше посочено друг пат кога ќе се пишува на тема загаденост информациите да се гледаат од сајт што е подобен за нив. Овој пат така направивме и го отворивме сајтот кој го посочија и има што да се види. Во моментов во Скопје не постои место што не е загадено и тоа неколку пати над нормалата. Вредносните единици на скалата од сајтот на Арсовска покажуваа дека моментално скопјани дишат “нездрав“ воздух а има делови на Скопје каде што воздухот е “многу нездрав“.

Од тука е нејасно зошто Арсовска наместо да обвинува за ширење на лажни вести зошто не активира некоја од мерките кои и се на располагање при ваква екстремна висока загаденост на воздухот.