Хуманитарен концерт во Петровец за Марко Здравковски

Марко Здравковски има 25 години и боледува од канцер, а во јануари годинава почна со терапија во Франција.

На плоштадот „Петровец“ во општина Петровец на 9 април ќе се организира хуманитарен концерт за Марко, а ќе настапат етно состав „Илинден“ и Зурли и тапани „Ќустек“. Почетокот на концертот е од 19.00 часот.

На 25-годишниот Марко му се потребни 150.000 евра за терапија за само една година, а може да се донира и ТУКА.