„Гризела на дождот“ - рибари ловат во Вардар (фото)

Смрзнатиот дожд што утрово паѓа во Скопје не им пречи на неколкумина рибари собрани покрај галијата во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

Тие ловат риба облечени со јакни и капи, а скопјани иако брзаат да стигнат на работа, подзастануваат да проверат што се случува покрај галијата. Има и такви кои од шеталиштето им дофрлаат „кај ќе ловите кога ќе ви ја тргнат галијата, искористете уште малку“.

Рибарите не реагираат на забелешките и тријат раце оти рибата „гризела на дождот“.