Галерија: Една ноќ во новата галија на Вардар

Од неодамна во Скопје функционира уште една галија која е сместена во самото корито на Реката Вардар во Центарот на Скопје.
Сепак, новината кај оваа галија која не плови никаде, е дека функционира и како хотел. Името на хотелот е „Senigallia“, со 4 ѕвезди, и нуди 18 соби за спиење на Вардар.

Веќе е достапен за резервација и на светските интернет сервиси, а собите се опремени со климатизери, со интернет и кабловска телевизија. Има и ресторан како и „рум сервис“ во одредено време од денот.