Град Скопје годинава отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници

Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта од почетокот на годината отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

- Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, информираат надлежните. 

- Градот Скопје го реконструира натпатникот на булеварот Александар Македонски за прв пат откако истиот е изграден, во чија близина се наоѓаат основно училиште и други објекти, при што е реализирано барањето на граѓаните кои секојдневно го користат овој пешачки мост, за овозможување услови за нивно побезбедно движење, велат од Град Скопје.