Град Скопје го реконструира булеварот „АСНОМ“ и гради парк од 27.000 метри квадратни

Градот Скопје ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, која содржи клучни барања за подобрување на квалитетот на живот, животната средина, зголемување на градското зеленило и паркови површини.

Како што информираат од Град Скопје, во Општина Аеродром се реконструира булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Град Скопје соопшти дека паралелно со реконструкција на булеварот, се подигнува и парк.

- Паралелно со реализација на овој проект за жителите од овој дел на градот, градот подигнува нова паркова површина на 27.000 метри квадратни со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување, велат од градот.