Голема е веројатноста цените на становите во Скопје да почнат да се намалуваат

Цената на метар квадратен станбен простор во Скопје од година в година е се поскапа. 

Стан во градба веќе не може да се најде под 1.000 евра за метар квадратен, а на некои локации како строг центар, Тафталиџе и Водно, метар квадратен надминува и 2.000 евра, па така ако сакате да купите стан од 50 квадратни метри на овие локации ќе треба да издвоите меѓу 100.000 и 120.000 евра.

За голем дел од јавноста ваквиот постојан раст на цената на станбен простор е далеку од секоја логиика имајќи предвид дека државата масовно се празни преку иселување, како и преку постојаниот пад на наталитет.

За тоа што може да се очекува на краток и среден рок во поглед со цената на станбен простор разговаравме со Илија Аврамовски човек кој преку 10 години се занимава со продажба на недвижности.

Според него, цените на недвижностите ќе растат и оваа година, а стабилизирање и благ пад може да се очекува следната година.

„Во 2025 година може да се очекува стабилизација и благ пад на цените затоа што тогаш е предвидено бројни станбени компекси да бидат завршени, како оние кај Холдеј Ин, кај фабриката Треска, но и кај фабриката Алумина. Тоа вкупно ќе значи нови илјадници станови, а имајќи предвид дека над 100.000 станови во Скопје стаојат непродадени, за очекување е дека цената на метар квадратен ќе се стабилизира и нема да расте, освен на некои локации кои се сметаат за ексклузивни како подножјето на Водно, Козле, Капиштец и строгиот центар“ вели Аврамовски. 

Според него не може да се очекува пад на цената на квдаратот, затоа што цената на плацовите, градежните материјали, но и работната рака растат постојано. 

Дали тоа навистина ќе биде така, ќе покаже времето, но факт е дека се потешко се стигнува до стан во Скопје, но исто така факт е дека Скопје споредено со Белград, Тирана и Загреб има далеку најниска цена за метар квадратен станбен простор.