Ѓорѓи со сведоштво: Како дознал дека син му е геј и што понатаму? (ВИДЕО)

Со какви предизвици се соочува еден родител кога ќе дознае дека неговиот син е геј?

Ѓорѓи Елефтеријадис веќе шест години гради мост на поддршка со својот геј син, а за платформата „Види вака“ ја раскажа својата лична приказна. 

- На еден Велигден бевме собрани сите на маса, цела фамилија, го прославуваме денот и син ми кој што тогаш беше 16 години, не седна сите и рече „Јас имам нешто да ви кажам“. Рече дека веќе подолго време како чувствува потреба да не извести дека е геј, ја почна приказната таткото. 

- Првиот момент беше шок за нас. Ние сме растени во оваа средина, воспитувани во оваа средина и веќе формирани луѓе отидени во Австралија и тоа ни беше шок и додека да се снајдеме во прв момент доаѓа сомнежот дали тоа тој навистина го мисли, раскажува таткото. 

Како што сведочи Ѓорѓи тој, за разлика од неговата сопруга, побрзо го минал тој тежок период.

- Поминавме период на самоиспитување. Соочување со самиот себе повлече неколку различни работи. Ние беме воспитувани дека припадните на ЛГБТ заедницата се настрани, умоболни... и нормално се надоместуваат сите традиционалистички погледи кои гледаат на фамилијата, раскажува таткото кој вели дека сопругата била повеќе загрижена за социјалните односи, пријателите и роднините. 

Како што вели важно е прифаќањето кое во Македонија е многу потешко и посурово за разлика од Австралија. 

- По прифаќањето на се што е тој, иако во прв момент мислевме дека го изгубивме, тој процвета и ние добивме син кој ги има сите квалитети кои ги има секое едно дете какво што би посакале сите родители. Сега е 22-годишен дечко, работи, заврши факултет и има многу јака намера да отиде и живее сам на своето, раскажува овој татко.