Фросина Фро жестоко кон лекарите: Системот не е крив што вие бевте на пауза 1 час и 5 минути

Скопјанката Фросина Фро е уште една во низата пациенти револтирани од здравството во земјава. Таа реагира дека иако имала „Мој термин“ чекала два часа, а вината ја лоцира кај лекарите. 

-Не ми е јасно зошто постојат термини за одење на специјалист, кога вчера влегов 2 саати после закажаниот термин, а немаше ни еден приоритетен. Колку и за задоцнил некој, не е можно заради "вина" на пациенти да се чека 2 саати. Поентата со термините беше за да не се прави гужва, а имаше гужва како во спортска сала на дерби. Имам многу лекари во пријатели овде, нека се изјаснат зошто нема никаков ред. И зошто паузата им трае подолго од предвидениот термин? Каква и да е платата, од наш џеб ја земате. Од секој граѓанин кој има здравствено осигурување. Не нè третирајте ко стоки, оти ако ве објавам ќе биде ред солзи, ред мрсули пак, ко таа сестрата од 8 ми септември што ја објавив пред 2 години, пишува таа отворено во својата објава. 

-Значи треба да фаќаме врски за да имаме третман и однос кој што законски ни следува, бидејќи од нас земате плата. Епа не може така другари. Ако сте се обврзале да работите на државно за таа плата, тогаш не се жалете и работете ко што треба или ене ви ги приватните клиники кај што ќе ви ја вадат маста за поголема плата. И да, системот не чини, но немојте секогаш кога ќе зезнете нешто или кога ќе се испонашате прележерно да се вадите на системот. Во 80% од случаите системот е крив, но системот не е крив за тоа што место 30 минути како што е предвидено, вие бевте на пауза 1 час и 5 минути. За тоа е виновна вашата совест, а не системот. Ако јас можев со години да работам во фирма каде за 2 минути доцнење од пауза, евидентирано со откуцување на картичка се креваа паники и опомени, тогаш можете и вие да го почитувате нашето слободно време и да ја завршите паузата тпгаш кога што треба. И да, системот е крив, затоа што системот ве ве вреднува по пат ма награди и грешки, туку сите сте во ист кош, па и неработниците ќе земат иста плата како и вредните и посветрни кадри. Е тука е фрустрацијата и ве разбирам, но тоа никако ме смее да се одрази врз граѓанинот од кој земате плата. Си имате министри, претседатели на влади кај што може да се жалите, им порача таа искрено и „без влакна на јазик“, како што тоа го прави за голем број општествени прашања.