Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% на платите за функционерите е голема шлаканица за сите млади лекари специјализанти

Доктор Ненад Лазаров се огласи со свој став за она што подолго време е актуелен проблем во земјава - иселувањето на медицинскиот кадар, но и рекордното покачување на платите на функционерите. 

-12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија. Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко. Затоа ќе нема здравство, дециден е д-р Лазаров.