(ФОТО) „Ќе ве избркаме на клоци, ако не го решите проблемот со локалните кафеани и локали“ - жителите на Капиштец со ултиматум до политичките партии

Локалните комунални проблеми, често се во интерес на граѓаните. И покрај тоа што локалните избори се зад нас, а политичката сцена се подготвува за претседателски и парламентарни избори, сепак скопјани ја користат секоја можност да реагираат за прашањата кои не се решаваат со години.

Во зградите во Капиштец и околината деновиве на влезните врати беше закачена порака со која тие праќаат порака до политичарите да го решат проблемот со константната бучава и зголемената фреквенција на сообраќајот околу барот „Интермецо“ и останатите кафеани и локали во околината. 

Акцијата „Иницијатива за пристоен Капиштец“ се спроведува од поголема група граѓани кои живеат во овој дел од Скопје и истата е насочена кон сите политички партии. 

Ако во вашите изборни програми не е експлицитно дека ќе се воведе ред со бучавата и сообраќајот кај Интермецо и другите кафани/ресторани и клубови, ќе бидете на клоци избркани“, стои во предупредувањето до сите партиски активисти.

Инаку, граѓаните во овој дел од Скопје подолг временски период алармираат за проблемот со гласната музика, но досега никој не успеал да го реши проблемот.