Федерација на планински спортови: МПЦ сака насилно го одземе планинарскиот дом на Матка

Денес во просториите на ДХО Даре Џамбаз Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, оддржа прес конференција на која што беа презентирани фотографии, оригинални документи и списи на кои јасно се гледа како МПЦ ОА сака да го одземе насилно планинарскиот дом Матка во свое владение, употребувајќи административно – бирократски манипулации, на кои кои за жал кумуваат и државни институции, како што се Агенцијата за Катастар и судската власт. Планинарите и Федерацијата повеќе од 75 години го  развиваат домот, кој преставува не само планинарски, туку и спелеолошки и алпинистички центар од витално значење за љубителите на природата и спортот. Неправадата која им се нанесува, за жал не е санкционирана, ниту од надлежните инстанци. Македонската Правослвна Црква бараме во духот на православието, јавно да изјави, по кој основ бараат своја соптвеност врз Планинарскиот дом? Го добиле по пат на наследство, имаат извршено купо – продажба или го добиле на подарок и од кого? Повеќе од 75 години Матка е дом не само на регистрираните планинари и членки на Федерацијата, тоа е дом на сите вистински љубители на природата, планината и спортот. Црквата до сега нема ниту едно камче ставено во објектот, напротив сите планинари и верници се грижеа сиве овие години за околината и самата црква Св. Андреа. Федерацијата заедно со своите над 30.000 членови нема намера до попушти под притисокот на било која институција и било која функција. Како што сме верни на природата, остануваме верни на принципите и на правичноста, во овој случај – истакна Председателот на ФПСМ, Проф. Др Јовица Угриновски

Планинарскиот дом Матка, веќе подолго време е под притисок, на нелегален начин да стане сопственост на МПЦ ОА. За сето тоа, беа презентирани и документи кои на чуден начин за 24 часа во Катастаорт на РМ го менуваат сопствеништото без да се наведевуање по кој основ се прави тоа...

Ако ова ни се случува нам, може и на секој еден граѓанин на нашата Република. Во еден ден да добиете од Катастарот решение дека планинарскиот дом е сопственишто на Федерацијата и на планианрите, а веќе следниот ден, по само 24 часа, истата институција да ја прогаси ПМЦ ОА за сопственик на планианрски дом без основ за истото.. На ова може и Девид Коперфилд да им подзавиди – реагираат од Федерацијата на неправдите!

На средбата со новинарите беше презентирана поголемата акција која ја спроведува Федерацијата и нејзините членови за Враќање на планинарските домови на планинаритеи беа најавени нови активности со цел спречување на самоволието на поединци и институции на сметка на љубителите на природата....

Додека траеше прес конференцијата поддршка во битката на своите македонски колеги, пристигнаа од многуброни европски и свестки федерации кои ги поддржуваат македонските планинари.