„Европски и со зелена агенда“ - Пратениците паркираат на тревник пред Собрание

Пратениците кои се меѓу најгласните за „Зелена агенда“ и европски вредности изгледа истите не ги почитуваат многу во пракса. 

Доказ за тоа се овие фотографии кои ги сподели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на кои јасно се гледа дека дел од пратениците ги паркирале своите автомобили на трева, во близина на своето работно место. 

- Паркираат во тревник, за да стигнат во Собрание за европскиот рапорт изгледа. Европски, само европски. И со зелена агенда, напиша Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.