„Собранието ги распродава коските на нашите предци“, вели Ванковска

Бугарија во пресрет на 2 август во бугарскиот парламент поднесе декларација која треба да потврди дека Илинденското востание е бугарско.

Во образложението стои дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“, а на ова реагираше Билјана Ванковска.

- Среќен јубилеј, Македонци Илинденци! Нашето Собрание се занимава со уставни гаранции за божемни човекови права и ги распродава коските на предците. Корекција: СДС на вашата земја ќе носи резолуција за Илинден, ама не се откажува од уставни измени, историска комисија и слично, напиша Ванковска.