Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваат такси постојките низ градот

 

По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве  ги обележуваа такси постојките на градските улици и булевари.

Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот   поставуваа заштитни столпчиња на улицата Димитрие Чуповски, а на булеварот Србија извршија асфалтирање на дел од површината на пешачката  и велосипедската патека.

На повеќе улици и булевари  низ градот  екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа санација на бекатон плочите на тротоарите и  ја обновуваа  вертикалната  сигнализација.