Едномесечно бебе почина во Шуто Оризари

Вчера било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец.

Министерството за внатрешни работи информираше дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.