Едно сосема обично скопско попладне во зграда

Стигнав во маало, застанав пред зграда.Почнав да се прашувам кај ми е клучот од влезната врата, барајќи го по џебови, налетува мојот комшија од трети со намуртено лице и ја отвара вратата без да ме поздрави.Културно тивко му кажувам благодарам...

Влегувам во влез застанувам пред лифт и наеднаш ме обзема реата од сите комшиски домаќинки: Запршка за манџата,пржени пиперки, риба....А, од подрумот доаѓа мирис на влага и скапана туршија...

Ах еве ја комшиката. Љубезна, постара жена.

- Добар ден.

- Добар ден, како си сине – ти вика комшиката.

- Еве добро, Вие?

- Ах еве се турка сине.Мора некој да испазари, ме мачи притисокот стареам, лесно е кога си млад.

Стигнува лифтот (конечно).

- И вие идете на седми?

- Да, да.

Се качуваш во лифт, и се уште го слушаш муабетот на комшиката.

-Да ти кажам, значи какви луѓе живеат во зградава, без никаква култура, е еве овие од шести ѓубрето го оставаат пред врата, а овој до нив ќелавиот го знаеш (си продолжува со својот муабет) не го трга веќе 3 месеци стариот шпорет од пред врата...

Се надевам дека ќе стигнам побрзо до горе.Ама на секој спрат по некој комшија стиска (без разлика дали иде нагоре или надоле битно е да те застане на негов спрат).

Комшиката продолжува...A што прави татко ти како е мајка ти, како ти е на работа, колку плата зимаш.....И оп стигнавме светна 7ми, културно се поздрави.

-Пријатно.

- Со здравје младичу, ми рече комшиката.

Стигнав пред стан, мртов уморен едвај чекам да легнам кога: Децата над мене сега решиле да играат фудбал дома... комшијата до тебе сега решил да буши...