Едно лице загина и едно е тешко повредено, МВР со детали за ссообраќајката на Рузвелтова

Министерството за внатрешни работи информираше за сообраќајната незгода која вчера се случи на улицата „Франклин Рузвелт“, а во која едно лице загина и едно лице е тешко повредено. 

Според полицискиот билтен, вчера во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко. 

Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од полицијата.