Две скопјанки искасани од кучиња

Две скопјанки пријавиле во полиција дека биле искасани од кучиња во два одвоени случаи на локации во Аеродром и во Карпош.

Според информациите од полицијата, вчера во 18,15 часот, во полициската станица Аеродром Т.С.(24) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот на булевар Видое Смилевски Бато била касната од куче скитник во левата рака.

Истиот ден, во 17,30 часот во Полициската станица Карпош Е.Ј.(52) од Скопје, пријавила дека истиот ден на булевар Партизански Одреди била нападната и касната од куче сопственост на З.Д.(38) од Скопје во раката. Против З.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.