Двајца скопјани вчера биле искасани од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

- На 18.03.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(25) од Скoпје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 18.03.2024 во 22.45 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Н.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Зеничка“ во Скопје била касната од куче скитник.