ДУИ со критика до Пендаровски откако тој не го потпиша Законот за игри на среќа

ДУИ е единствената партија која го искритикува претседателот Стево Пендаровски откако тој не го потпиша Законот за игри на среќа со образложение дека во консултација со ЕУ и со правни експерти заклучил дека процедурата за неговото носење била злоупотребена.

Во прилог целата реакција на ДУИ:

- “ Одлуката на Пендаровски е за жалење. Опозицијата 2 години по ред го блокираше законот за одалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви.

По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки “ни ги спасивте децата”, како и здруженијата против коцкање.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли. во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.

Образложението дека европското знаменце била „злоупотребено“ за усвојување на законот е приказна за мали деца, заѓислете немале забелеши за содржината туку за процедурата.

Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците“ се вели во нивното соопштение.