Доколку ви пишат казна за возачка без „Северна“ обратете се кај ДНК - Музичарите се подготвени да помогнат!

Бурно на социјалните мрежи од вчера, откако надлежните соопштија дека граѓаните неможе да ги користат старите возачки возволи, односно оние без името „Северна“.

Дали можеби некој ќе заработи казна од сообраќајната полиција доколку не поседува нова возачка дозвола? Доколку се случи тоа, ДНК ќе им помогне. 

Популарното музичко дуо се огласија на социјалните мрежи. Еве што порачаа: 

- Драги наши сограѓани, Македонци.

Сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата. Не сме држава, а уште помалку сме богати, но пред се сме луѓе и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин! 

Апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот “закон” во човековото постоење и дека тој истиот е негов сограѓанин од кого зема плата!