До крајот на учебната година уште три работни саботи

Денешниот работен ден за учениците е замена за 1 септември.Основци и средношколците ќе го изучуваат зададениот материјал според предвидениот распоред на часови од понеделник. 

- Законски и во согласност со наставната година, во оваа учебна година мора да има 180 работни денови. Бидејќи годинава зимскиот распуст ќе почне на 30 декември и ќе трае до 21 јануари, а летниот ќе почне на 9 јуни и ќе трае до 31 август, ќе мора да се одработат четири саботи – по две во секое полугодие – велат од МОН.

Според одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) објавена во „Службен весник“, до почетокот на зимскиот распуст, основните и средните училишта ќе држат настава и во сабота на 11 ноември според распоред од среда. Во второто полугодие работни саботи ќе бидат на 17 март кога ќе се држат часови по распоред од петок и 14 април исто така со распоред од петок.