ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

„Во споредба со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на одѕивот до 9 часот за 1,9 процент“, рече Даштевски.

Во однос на одѕивот на парламентарните избори, до 9 часот, по обработените податоци од 1.033 изборни места, гласале 4,45 %.

Како што вели Даштевски, минимална е разликата на одѕивот на денешните претседателски избори во однос на вториот круг од изборите во 2019 година. Тој процент е помал 1,99 отсто.

„Од она што го гледам, а тоа е највердостојно, апсолутно нема бојкот. Ист е одѕивот, процентот е тој“, одговори Даштевски.

Тој додаде дека најголем одѕив моментно за претседателските избори има во Пробиштип – 8,85 отсто а најмал во Боговиње.