(Видео) Се слави пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се собираат поддржувачи во пресрет на резултатите од вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори. Се слави со музика, оро и развеани знамиња. 

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека со убедлива предност води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Според првичните резултати од денешните парламентарни избори што ДИК ги објавува на својата веб-страница, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 59 мандати, Европски фронт на ДУИ 18, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 19 пратенички мандати. 

Видео: 360 степени