ДИК: Благо водство на Арсовска пред Шилегов

 ч

Во ДИК во текот на денешниот ден пристигнале 286 приговори за заштита на личното избирачно право од кои 217 се прифатени, 19 одбиени, а 34 неосновани, изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски.

За 11 избрирачки места каде беше продолжено гласањето до 2:55, односно два часа по 19 часот не се пријавени проблеми. Постапката за утврдување на резултатите трае, информираше Даштевски, додавајќи дека резултатите се внесуваат во апликацијата на ДИК. 

Според моменталната состојба на обработени гласови, 17,35%, во однос на изборот на градоначалник на Скопје, во водство е Данела Арсовска, од Група избирачи со освоени 15.379 гласови, односно 38,9% од гласовите, а веднаш зад неа, со 13.705 гласови, односно 34,66% е кандидатот на владејачката СДСМ, Петре Шилегов.

На трето место во моментов е Перо Георгиевски од партијата Левица со освоени 3.385 гласови, односно 5,56%.