Вардар денес има важен натпревар во Првата македонска фудбалска лига. Македонскиот фудбалски шампион денеска во 14 часот го игра дерби дуелот против Шкендија, меч кој што е од големо значење.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, сите оние кои го сакаат Вардар и оние неутрални љубители на фудбалот да дојдат денес на стадионот и да уживаат во дерби натпреварот, да уживаат во играта и настапот на шампионот Вардар.
Билетарницата на северната трибина ќе работии и денес од 9 до 13:45 часот, односно на 15 минути пред почетокот на дуелот. Набавете влезница и повелете на трибините на Арената „Филип Втори“.
Воедно уште еднаш Ве информираме дека од безбедностни причини и согласно договорот од состанокот помеѓу двата тима и претставници од МВР и ФФМ од пред неколку дена, нема да биде дозволен влез на симпатизери и навивачи на гостинската екипа, на тимот на Шкендија.
ФК Вардар ја поддржува кампањата против национализам и расизам на фудбалските терени, и од тука испраќаме уште еден апел за фер и за коректно навивање од трибините. Со таква поддршка да му помогнеме на нашиот тим да дојде до трите бода, и на крајот заедно да прославиме уште една победа.