Ексклузивно: Вардар ќе добие нов спектакуларен фудбалски дом (ФОТО)

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе добие нов фудбалски стадион на кој ќе ги игра своите натпревари и истиот ќе биде лоциран во скопската населба Карпош, од свои извори пренесува интернет-порталот „Спорт1“

Вардар досега своите натпревари ги играше како „кираџија“, на стадионите „Филип Втори“, а по потреба се селеше и во Ѓорче Петров и Маџари. Наводно, веќе се размислува на изградба на нов стадион, а истиот ќе биде лоциран во населбата Карпош 3, близу до теренот каде што сега игра второлигашот Локомотива.

За да отпочне изградбата на новиот стадион на најтрофејниот македонски клуб, треба да се средат само бирократските работи со надлежните во Општина Карпош. Засега, нема потврда за оваа вест од клупската управа, како и за капацитетот кој би го имал новиот вардаров дом.