Декември е најубавиот месец од годината

Декември е последниот месец од годината. Месец во кој ги сумираме сите случувања и ситуации во една година и во кој се надеваме на следна подобра година.

Тој е најубавиот месец од годината.

Поминуваме повеќе време во домот

Ако за време на летните денови, немаме премногу време за да се видиме со своите блиски поради времето кое го минуваме надвор, декември за нас е период кога голем дел од слободното време го минуваме дома, со своите блиски, во пријатна атмосфера.

Ги најавува празниците

Декември го најавува перидот на најубавите празници – Нова Година, Бадник и Божиќ се празниците кои не прават среќни и ни носат насмевки на лицата. Освен тоа, градот е накитен со новогодишни декорации и убави светулки, а истата атмосфера се пренесува и во домот.

Попусти

Предновогодишните попусти носат многу можности да ги купиме оние работи кои не сме можеле да си ги дозволиме по нормална цена. Носи гужви во продавниците и трговските центри, но и нови нешта во нашите шкафови.

Можеме малку да одмориме од вежбање

Декември е месец кога времето заладува повеќе и кога почнуваме да се опуштаме и да одмораме пред празниците. Можеме да одмориме и да бидеме мрзеливи се до февруари кога мораме да се вратиме во форма.

Убави топли напитоци

Греано вино, топло убаво кафе, чај со цимет, салеп, топло чоколадо... Имаме милион можности за избор во кафулињата,  но и да подготвиме нешто фино во домашна атмосфера.

Предновогодишни забави

Иако често бараат многу социјализирање и дружење со луѓе кои не ги сакаме премногу, сепак се опуштаме пред крајот на годината и си даваме можност да уживаме целосно, без да се оптеретуваме со други неважни работи.

Најава на крајот на годината

Особено доколку годината не ни била една од најубавите, декември ни дава надеж дека доаѓа крајот на годината, а почнува една сосема нова година во која ќе бидеме посреќни.

Божиќни и новогодишни песни

Има ли некој кој не убива во убавите, весели мелодии на божиќните и новогодишните песни?

Снег

Декември носи можност за првиот снег во годината, кој иако често е изненадување за градските власти, сепак носи среќа за многумина, а особено за децата.

Шалови, ракавици, топла облека

За оние кои се љубители на облеката која не топли и во која се чувствуваме најпријатно, декември е совршениот месец за тоа.