Дедо Мраз утре пристигнува во Бутел, ќе има подароци за сите дечиња!

Дедо Мраз утре пристигнува во општина Бутел! 

- Драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во среда со почеток од 11 часот на паркингот пред Општина Бутел на една магична, новогодишна “Снежна Бајка” на која ни доаѓа Дедо Мраз во општина Бутел и ни носи подароци и пакетче за сите дечиња, порача градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски. 

- Ајде сите заедно со омилените детски ликови Биби и Боби и секако Дедо Мраз низ игра и смеа, да се дружиме и забавуваме, да ја испратиме старата и да го најавиме доаѓањето на новата година. Ајде и оваа година на еден посебен начин да го дочекаме Дедо Мраз во Општина Бутел! - се вели во неговата покана.