Цените на храната како во Германија, а платите како во Бангладеш - Глигорова повика на сенароден протест

Активистката Ана Глигорова повторно гласна за неправдите кон обичниот граѓанин. Овој пат, во однос на повторното поскапување на цените, па повика на протест. 

Ова е нејзниот став кој го објави на фејсбук: 

- Превисоки цени (цените на прехранбените продукти како во Германија, а платите како во Бангладеш). Прениски плати и пензии (не може да се преживее со овие примања на овие цени).

Извршители, судии и лихвари во вид на кеш кредити кои до крај на живот ќе не бркаат со арач додека не останеме без она малку што го имаме како стан или куќа.

Здравствен систем кој е на стаклени нозе, постои опсност да не можеме ни да се лекуваме во истиот.

Обесправени сме, гладни, со иселени деца, додека тие си ги зголемуваат платите за 78% плус, сега дополнително по 300 евра, 500 евра на нивно конто. Тие мала богата, расипана елитица и ние многумина во очај.

Мафијашка држава која ги убива луѓето секој ден,лопови и лихвари ја водат судската и извршната власт. .

Ве повикуваме на протест, сите вие кои имате протести за повисоки пензии, плати, дискриминација во било кој облик, на СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ!