Цената на струјата оди во рацете на ЕВН ХОУМ - Регулаторна повеќе нема да ја одредува

Наместо Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Регулаторна ќе има обврска само да направи проверка, но неизвесно е дали ќе може и да интервенира. Ова се предвидува со новите измени во законот за енергетика.

-Нема повеќе да ја определуваме на тие начини, цената за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе ја објави ЕВН ХОУМ , а претходно ќе ја даде на контрола во РКЕ каде ќе се проверува дали ќе бидат правилно применети тарифните системи. Ова се прави во речиси сите држави, само ние, Србија и Косово останавме каде РКЕ ја соопштува цената на електричната енергија, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Новата цена, треба да се донесе до крајот на годинава, а да ќе важи од јануари. Од РКЕ соопштуваат дека нема да се прават никакви промени ниту кај тарифните блокови.