Блогери раскажуваат: За Скопје дознавме на инстаграм - дојдовме, видовме и се воодушевивме

Јурген и Мајк се блогери од Германија и Америка. За себе велат дека се родени да патуваат и уживаат посетувајќи ги земјите низ светот. За Скопје дознале преку инстаграм профилот на SkopjeInfo.mk каде што виделе дека тоа е град што се менува.

Сурфајќи низ интернет, многу случајно налетавме на инстаграм профилот на SkopjeInfo.mk. Разгледавме и сфативме дека тоа е убав град кој го привлекува вниманието на туристите. Веднаш направивме резервација за билети и сместување. По еден месец го посетивме Скопје и се воодушевивме од тоа што го видовме таму. Ова го раскажува Јурген во изјава за Скопје Инфо.

Од Македонија се вративме со многу позитивни впечатоци кои секојдневно ги раскажуваме на нашите пријатели. Тоа е мала земја која што вреди да се посети. Животот е ефтин, а храната е многу вкусна, додава тој.

За проектот „Скопје 2014“ тој вели дека колку и да е контроверзен и скап проект, но е дефинитивно потег кој што го сменил градот и го сместил на картата на дестинации кои треба да се посетат.

На крајот додава дека Македонија е земја со богата, традиција и историја која треба се почитува, негува и промовира.