Битолчанец од балкон пукал со пушка кон куче скитник

Битолчанец со воздушна пушка пукал кон улично куче. 

- На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. одзеле воздушна пушка, соопштија од полицијата.