Со „хонда“ излетал од пат - тешко повреден скопјанец

Мотоциклист е тешко повреден откако паднал на коловозот во велешко со „хонда“. 

На 28.04.2024 во 17.10 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Богомила, општина Чашка, С.Ѓ.(54) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес, информираа денеска од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.