Бектеши самоуверено: Да потпишеме договор – кој ќе ги изгуби изборите повеќе да не се занимава со политика

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска прилично настапи самоуверено. Тој ги повика политичките партии да потпишат договор- ги повика политичките парти да потпишат договор – кој ќе ги изгуби претстојните избори, повеќе да не се занимава со политика.

„Да направиме договор меѓу сите политички партии тој што ќе изгуби веќе да не се занимава со политика. Ние ја фрламе ракавицата, нека повелат сите политички партии, вклучувајќи го и ВМРО и другите партии. Ова не би можело да се случи затоа што овие таканаречени лидери на политички партии, и ова не важи само за македонската опозиција туку и за другите лидери, сите изгубиле избори и тоа не еднаш туку повеќепати. Само господинот Ахмети никогаш не изгубил и никогаш нема да изгуби избори“, рече Бектеши.

Околу Бујар Османи и неговата кандидатура за претседател, Бектеши вели дека според анкетите тој влегува во вториот круг на парламентарните избори.  За коалицирање за парламентарните избори Бектеши рече дека е овластен да преговара лидерот на партијата Али Ахмети и тоа веќе го прави.

„Во делот на коалицијата со СДСМ секако дека во моментот кога зборуваме не сме многу блиску за да има таква коалиција, но најважно од се е кога победува ДУИ победуваат граѓаните, а веќе се знае дека ДУИ сигурно ги победува наредните парламентарни избори“, рече Бектеши денес по одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачите.

Освен лидерот Ахмети, кој е авторизиран за преговори со политичките партии, Бектеши вели дека во нивната партија има целосна мобилизација на членството за претстојните избори.