Бајачи- надеж за Македонците за решавање на проблеми

Многу Македонци решавањето на животните проблеми ги наоѓаат во бајачите и гатачите. Ако во минатото верувањето во оваа било на високо ниво, сега не е толку изразено, но се уште има луѓе кои спас бараат таму.

Болест, неплодност, немање среќа во љубовта, брачни проблеми и неверства, неуспех на работа, чувство на беспомошност, депресија, се само дел од проблемите за кои се бара помош од некои “натприродни сили”.

Дали навистина бајачите помагаат или пак се е до психата на луѓето, се уште не е докажано, а луѓето се со различни мислење.

Ова го покажуваат бројните примери во кои Македонците биле измамени од бајачките ширум државава. За да ја истераат лошата магија, бајачките земаат пари, накит и облека. Но, голем дел од нив ги симнуваат црните магии само за одредена сума на пари. 

Луѓето даваат по цело богатство само да им се реши проблемот, па не размислуваат дека можеби ќе бидат измамени.