Бачовска Недиќ: Убав е овој новогодишен хедонизам, но да мислиме и на Газа, Украина, климатските промени, насилството, корупцијата...

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први “ во Скопје, Јасна Бачовска Недиќ, со новогодишна честититка до студентите, но и моќна поука до нив! 

- Драги мои студенти СРЕЌНА НОВА ГОДИНА. На часовите по социологија на право, но и другите предмети, минатиов семестар многу говоревме за правото, судството, војните во Газа и Украина, за климатските промени, за улогата на студентите и правниците во општеството итн., порача таа. 

- Убав е овој новогодишен хедонизам и празнична опуштеност на мрежите, симпатичниот новогодишен кич и колорит, но чувствувам професорска должност мрежите општествено- одговорно да ги користиме за промоција на добри вредности. Мојата препорака е глобално да мислиме и сочувствуваме (Газа, Украина, климатски промени, насилство, корупција), а локално да дејствуваме користејќи го знаењето и позитивните практики, порача професорката кон студентите, најавувајќи ја првата зимска испитна сесија.